Скопје, 25 февруари 2022г. – Агенцијата изврши контролен административен надзор врз Универзитетско Радио Студент ФМ 92.9 за обврската за објава на информации кои треба да се направат достапни до корисниците и врз ТВ Дуе за обврската за објава на импресум.
Со надзорот е констатирано дека ТВ Дуе на 18 февруари, во дел од емитуваните програми, не ги објави податоците што е должен да ги емитува на соодветното место за секоја содржина од програмскиот сервис.
Извештаите се достапни на линковите:
Универзитетско радио Студент ФМ 92.9 – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.02.2022
ТВ Дуе – (член 14 од Законот за медиуми) – 25.02.2022