Вонреден програмски надзор врз ТВ Телма – начела за вршење на дејноста

image_pdfimage_print

Скопје, 3 март 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на добиено Барање за објаснување, информации и докази за наводите во претставка, поднесена од страна на физичко лице до Народниот правобранител – подрачна канцеларија Кичево, спроведе вонреден програмски надзор за начелата за вршење на дејноста врз емисијата „КОД“ емитувана на ТВ Телма.

 

Надзорот покажа дека ТВ Телма, во емисијата „КОД“ со наслов „Година затвор за прегазување на полицаец, убиство или самоодбрана на Пале“ – емитувана на 6 февруари 2022 година, која во првиот дел се однесува на судскиот спор во кој учествува подносителот на претставката, донела уредничка одлука да го објави целосното име и презиме на обвинетиот, датумот на раѓање и местото на живеење, иако судскиот процес за овој случај е во фаза на жалба пред Апелациониот суд Гостивар и за истиот нема донесено правосилна одлука.

Со објавувањето на идентитетот на подносителот на претставката (името и презимето, датумот на раѓање и местото на живеење), ТВ Телма постапила спротивно на начелото за „почитување на пресумпција на невиност“ од членот 61 став 1 алинеја 5 од ЗААВМУ.

Извештајот е достапен на линкот:

ТВ Телма (член 61 став 1 алинеја 5 од ЗААВМУ) – 03.03.2022



Accessibility

Accessibility