Скопје, 11 март 2022 – Советот на Агенцијата на 9-та седница одржана на 10 март 2022 година донесе четири решенија за изрекување мерка јавна опомена за ТВ Дуе од Гостивар, ТВ Гурра од Кичево и Г-ТВ Телевизија од Гостивар.
На Г-ТВ Телевизија, ТВ Дуе и ТВ Гурра им се изречени мерки јавна опомена затоа што на своите програмски сервиси не емитувале минимум 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела во период од 7:00 до 19:00 часот. Дополнително на ТВ Дуе мерка јавна опомена е изречена за непочитување на обврската за употреба на јазикот во програмите.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
ТВ Дуе – (член 64 став 1од ЗААВМУ) – 10.03.2022
Тв Дуе – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 10.03.2022
ТВ Гурра – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 10.03.2022
ТВ Г-ТВ – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 10.03.2022