Скопје, 18 април 2022 – На 15 седница одржана на 15 април, Советот на Агенцијата изрече седум мерки јавна опомена. Мерки јавна опомена на ТВ Канал 5 и ТВ Сител беа изречени поради емитување на прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации на производи, емитување на рекламен спот и телешопинг спот во кои лажно се претставуваат природата и карактеристиките на производите за што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите и поради визуелно и тонско прикажување на лице кое редовно презентира вести и актуелни информативни емисии.
Мерка јавна опомена на ТВ 24 Вести беше изречена поради емитување на забавно-документарна емисија која не е означена како програма во која се пласирани производи, иако производите од одредени спонзори се директно вклучени во дејствието на емисијата и посебно промотивно се препорачуваат преку визуелно и вербално прекумерно истакнување.
Мерките јавна опомена се достапни на следните линкови:
ТВ Канал 5 (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 15.04.2022
ТВ Сител (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 15.04.2022
ТВ Канал 5 (член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ) – 15.04.2022
ТВ Сител (член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ) – 15.04.2022
ТВ Канал 5 (член 101 од ЗААВМУ) – 15.04.2022
ТВ Сител (член 101 од ЗААВМУ) – 15.04.2022
ТВ 24 Вести (член 55 ставови – 5, 6 и 7 од ЗААВМУ) – 15.04.2022