Скопје, 17 мај 2022г – Советот на Агенцијата на 18-та седница одржана на 16 мај 2022 годинa врз основа на констатации од вонреден програмски надзор по службена должност донесе решение за преземање мерка јавна опомена за ТВ Г-ТВ Телевизија од Гостивар поради повреда од член 64 став 1 од ЗААВМУ, односно на 11 април 2022, цртаниот филм „Пинк Пантер“ (Pink Panter Pinkozoic Era) го емитувалa изворно на англиски јазик без да обезбеди превод на албански јазик, македонски или турски јазик, односно на јазиците на кои што медиумот емитува програма согласно дозволата.
Мерката јавна опомена е достапна на линкот:
Г-ТВ Телевизија – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 17.05.2022