Скопје, 23.05.2022 – Советот на Агенцијата на 20-та седница одржана на 20 мај 2022 година врз основа на констатации од извршен надзор, донесе решение за изрекување мерка јавна опомена за ТВ Ирис од Штип.
Јавната опомена е изречена заради неисполнување на обврските од член 15 став 5 од Законот за медиуми, односно недоставување до Агенцијата писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување.
Мерката јавна опомена е достапна на линкот:
ТВ Ирис (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 20.05.2022