Втор јавен состанок на Агенцијата во 2018 година

Процесот на воведување на 5G во Република Македонија во фокусот на вториот јавен состанок за 2018 година

 Скопје, 27.06.2018 – Агенцијата денес го одржа вториот јавен состанок за 2018 година, на кој директорот, д-р Зоран Трајчевски ги презентираше реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатото тромесечје. Тој направи пресек на спроведените надзори и изречените мерки-опомена врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, даватели на аудиовизуелни медиумски услуги на барање и издавачите на печатени медиуми.

На состанокот подробно беше образложен ангажманот на Агенцијата во справување со говорот на омраза и поттикнување родова еднаквост, како активностите на полето на меѓународна соработка и во рамки на процесот на европска интеграција.

 Посебен акцент на настанот беше ставен на процесот за воведување на 5G во Република Македонија. М-р Игор Бојаџиев од Агенцијата за електронски комуникации, кој воедно е и претседател на работната група за утврдување мерки и активности потребни за воведување на 5G мобилна технологија во Република Македонија, подетално ги образложи моменталните инфраструктурни ресурски, важечките прописи, предлог мерките и роковите за нивно завршување. Во оваа работна група, која ја формираше Министерството за информатичко општество и администрација, учествува и претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според утврдената динамика во 5G акцискиот план на Европската Унија, до 2020 година најмалку еден голем град во земјите-членки на Унијата треба да обезбедат 5G, додека до 2025 година да се обезбеди целосна покриеност на сите урбани населби, главни патишта и железници. Македонија како земја која се стреми кон Европската Унија, кон крајот на 2017 година почна со подготовки за воведување на 5G и започна со подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Македонија.

Презентациите од јавниoт состанок се достапни на линковите подолу:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ

д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Активности и мерки потребни за воведување на 5G во Македонија

Игор Бојаџиев, Агенција за електронски комуникации


Агендата за вториот јавен состанок за 2018 година може да се преземе на следниот линк

Пријавата за учество на вториот јавен состанок за 2018 година може да се преземе на следниот линк 



Accessibility

Accessibility