Грантови за поттикнување на медиумската писменост (рокот за аплицирање заврши на 28.10.2016 година)

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (В. Британија) и со дневниот весник „Нова Македонија“, како дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Основање коалиција за медиумска писменост“ финансиран од Европската Унија, објавија повик за доделување грантови за граѓански организации, кои во партнерство со најмалку еден медиум кој работи во земјава, би реализирале иницијативи со кои ќе се промовира медиумската и информациската писменост во Македонија.

Повикот за доделување грантови траеше до 28.10.2016 година. Повеќе информации за целите, очекуваните резултати и активностите на овој повик можат да се погледнат на линкот: http://www.medium.edu.mk/koalicija/javen-povik

 

 



Accessibility

Accessibility