Дневен ред за 16-та седница од 02.04.2020
Агенцијата објавува дневен ред за 16-та седница на Советот, закажана за 02.04.2020 година, која ќе се одржи преку видео конференциска врска со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 15-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.03.2020 година.
- Предлог-одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020-та година.
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош – донација за санирање на последиците од пожарот на ТВ Канал Вис Струмица.
- Предлог за дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата.
- Предлог за продолжување на крајниот рок на јавната расправа по нацрт-актите во врска со член 143 од ЗААВМУ.
- Предлог за определување прекин на постапки по 2 (два) објавени јавни конкурси за доделување дозволи за радио емитување.
- Приговор од вработена на Агеницијата.
- Разно