Дописи до радиодифузерите

image_pdfimage_print

 

29.10.2021 – Согласно членот 76-д од Изборниот законик, Извештаите за реализирани услуги за објавеното платено политичко рекламирање за вториот круг од изборната кампања, радиодифузерите треба да ги достават до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најдоцна до 3 ноември 2021 година.

Откако Агенцијата ќе ги потврди Извештаите за реализирани услуги, целосната документација со претходно потпишани извештаи и од учесниците во изборите, треба да се достави до Државната изборна комисија најдоцна до 12 ноември 2021 година.


27.10.2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека согласно членот 85-а од Изборниот законик, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни на образец пропишан од Министерството за финансии, да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и за средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа.

Извештајот се доставува до Министерството за финансии, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија. Рокот за достава на извештајот за првиот круг од изборната кампања истекува на 30 октомври, додека за вториот круг на 13 ноември 2021 година.



Accessibility

Accessibility