Врз основа на Уредбата за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите донесена од Владата на 21.03.2020 година, Агенцијата објавува коригиран Предлог-дневен ред за 15-та седница на Советот, закажана за 25.03.2020 година, која ќе се одржи преку видео конференциска врска со почеток во 14:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 11-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 05.03.2020 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 5-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.03.2020 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.03.2020 година.
- Предлог-одлука за зголемување на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020-та година.
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош-донација за справување со последиците од Коронавирусот Covid-19.
- Предлог за утврдување на став на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатот од извршената ревизија од независниот ревизор за 2019 година.
- Предлог-годишен извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година.
- Информација за плаќање годишна членарина за ЕПРА за 2020 година.
- Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за радио емитување на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга.
- Разно