Одржана онлајн дебата за медиумска писменост на АВМУ и Ресис

Скопје, 30 ноември 2021 – Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2021, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Институтот Ресис вчера одржаа онлајн дебата на тема „Анализа на родовите аспекти во ТВ програмите за деца: Градиме ли критичка свесност кај децата?”. Дискусијата опфати повеќе сегменти, од тоа какво е психолошкото влијание на програмите за деца врз нивниот раст и развој, до начинот на кој треба да се креираат политиките и програмите на медиумите наменети за децата.

Давајќи вовед во дебатата д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, посочи оти наодите покажале дека Јавниот сервис води планирана и осмислена програмска политика во однос на детската популација, но оваа констатација многу повеќе важи за МРТ1, отколку за МРТ2. Во однос на програмите на комерцијалните телевизии наодите покажуваат дека не постои осмислен и внимателен уредувачки пристап во изборот на емисии наменети за различни возрасни сегменти на малолетната публика. Повеќе информации на линкот.



Accessibility

Accessibility