Седницата бр.21 – 04.06.2020 година

image_pdfimage_print

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 21-та седница која ќе се одржи преку видео конференциска врска ја презакажа за 04.06.2020 година (четврток), со почеток во 14:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 19-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 14.05.2020 година.
  2. Усвојување на Предлог-записник од 20-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 14.05.2020 година.
  3. Предлог за поништување на Заклучок бр.02-1605/5 0д 02.04.2020 година.
  4. Предлог–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија.
  5. Предлог–Упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава.
  6. Предлог–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година.
  7. Предлог за изрекување мерка на ТРД Ирис од Штип за прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми.
  8. Предлог за изрекување мерка на ТРД Ирис од Штип за прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми.
  9. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  10. Разно.
Accessibility