Седницата бр.30 – 30.07.2020 година

image_pdfimage_print

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 30-та седница ја закажа за 30.07.2020 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 29-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 27.07.2020 година.
  2. Предлог-извештај за емитуваното платено политичко рекламирање во периодот 24 јуни-12 јули 2020 година.
  3. Информација во врска со Решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесените Уредби со законска сила за примена на ЗААВМУ.
  4. Предлог-одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Куманово.
  5. Предлог-решение за отфрлање на Пријавата за учество на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово.
  6. Предлог-одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово.
  7. Разно.


Accessibility

Accessibility