Седницата бр.37 – 14.10.2020 година

image_pdfimage_print

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 37-та седница ја закажа за 14.10.2020 година (среда), со почеток во 15:30 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 6-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.10.2020 година.
  2. Усвојување на Предлог-записник од 36-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.10.2020 година.
  3. Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозвола за телевизиско емитување на радиодифузер.
  4. Предлог-одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Тетово.
  5. Предлог за изрекување мерка на Радиодифузното трговско друштво СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ – Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  6. Предлог за изрекување мерка на Трговско радиодифузно друштво УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  7. Предлог за изрекување мерка на Радиодифузното трговско друштво СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ – Скопје за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ.
  8. Предлог за изрекување мерка на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ
  9. Предлог за изрекување мерка на Радиодифузното трговско друштво СКАЈ РАДИО Теодор ДООЕЛ – Скопје за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
  10. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока, за потребите на Агенцијата, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
  11. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Одржување и сервисирање на службени моторни возила.
  12. Разно


Accessibility

Accessibility