Седница бр.10 – 12.04.2021 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 10-та седница ја одржа на 12.04.2021 година со почеток во 14:30часот.

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 9-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 25.03.2021 година.
  2. Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јануари до 31 март 2021 година.
  3. Нацрт-измена на Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите бр. 01-1268/1 од 17.02.2015 година.
  4. Предлог за изрекување мерка на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетници.
  5. Предлог за изрекување мерка на ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
  6. Предлог за изрекување мерка на Колор Медиа Плус од Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
  7. Предлог-одлука за промена на сопственичка стуктура на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци.
  8. Предлог-одлука за промена на сопственичка структура на ТРД Радио Зора ДООЕЛ Делчево.
  9. Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радио-дифузно друштво АЉБАНА ПЛУС ДООЕЛ – Куманово.
  10. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-стока: Средства за хигиена.
  11. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-стока: Електрична енергија.
  12. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Изнајмено печатење.
  13. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Обновување на сертификат ISO 9001:2015 стандард за управување со квалитет.
  14. Разно.


Accessibility

Accessibility