Седница бр.15 – 15.04.2022 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 15-та седница ја одржa на 15.04.2022 година (петок), со почеток во 14:05 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 14-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 04.04.2022 година.
  2. Предлог за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Радиодифузно трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, бр.08-141 од 18.03.2019 година.
  3. Информација во врска со доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 2  од ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 2  од ЗААВМУ.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ.
  7. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ.
  8. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 101 од ЗААВМУ.
  9. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 101 од ЗААВМУ.
  10. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип за прекршување на член 55 ставови – 5, 6 и 7 од ЗААВМУ.
  11. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока од мала вредност-дел РАК (ормар) и надградба – реконфигурација на системот за видео надзор инсталиран во Агенција, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.
  12. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – стока:  Електрична енергија.
  13. Разно.


Accessibility

Accessibility