Седница бр. 18 од 27.03.2014

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја закажува 18-та седница за 27.03.2014 година (четврток), со почеток во 12 часот.


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја закажува 18-та седница за 27.03.2014 година (четврток), со почеток во 12 часот.

 

Дневен ред

1. Усвојување на Записникот од 16-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.03.2014 година.

2. Усвојување на Записникот од 17-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 23.03.2014 година.

3. Извештај од вонредниот надзор на програмскиот сервис на РТД ТЕЛЕВИЗИЈА Сонце, емитуван во периодот од 17 до 23 март 2014 година.

4. Извештај од вонредниот надзор на програмскиот сервис на РД НАША ТВ ДООЕЛ Скопје, емитуван во периодот од 17 до 23 март 2014 година.

5. Извештај од вонредниот надзор на програмскиот сервис на ТРД КАНАЛ 5 Плус ДООЕЛ Скопје, емитуван во периодот од 17 до 23 март 2014 година.

6. Извештај од вонредниот надзор на програмскиот сервис на ТРД Телевизија СИТЕЛ 3 ДООЕЛ Скопје, емитуван во периодот од 17 до 23 март 2014 година.

7. Информација за доставени претставки и барања, од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), поврзани со мониторингот на изборниот процес во 2014 година, со предлог-одговор.

8. Предлог-Одговор на Барањето за поддршка на идејата на НДИ – Македонија за спроведување широка кампања за почитување на Кодексот за однесување за време на изборите 2014.

9. Информација за потребата од прекин на договорот за работа поради возраст на работникот Слободан Беличански, распореден на работно место, Раководител на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторките и сродни права, со оглед дека ги исполнува условите за одење во старосна пензија, со предлог-решение.

10. Барање бр. 11-157 од 19.03.2014 година, за регистрирање на дигитален пакет програмски сервиси бр. 11 на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија.

11. Барање бр. 11-158 од 19.03.2014 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр. 62 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп.

12. Барање бр. 11-177 од 20.03.2014 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр. 9 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Aналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци.

13. Барање бр. 11-179 од 20.03.2014 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр. 30 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци.

14. Разно.

 

 



Accessibility

Accessibility