Седница бр.2 – 25.01.2022 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2-та седница ја одржа на 25.01.2022 година (вторник), со почеток во 09:30 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 1-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.01.2022 година.
  2. Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 октомври до 31 декември 2021 година.
  3. Предлог за давање одобрување за донесување одлука за уплата на средства за пристап до Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар.
  4.  Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Ревизорски услуги.
  5. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Услуга од приватна Агенција за вработување.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Одржување на противпожарна спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и Одржување на ПП апарати.
  7. Разно.


Accessibility

Accessibility