Седница бр. 22 од 07.05.2013

22-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 07.05.2013 година (вторник), со почеток во 12,00 часот.

 

                                                    Д н е в е н   р е д

 
1. Усвојување на Записникот од 19-та седница на Советот одржана на 17.04.2013 година, за која имаше и две продолженија, одржани на 19.04.2013 година и на 24.04.2013 година.
 
2.Предлог на Советот за радиодифузија за дополнување на Изборниот Законик (Пречистен текст) (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/11) и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.142/12, 31/13, 34/13)

3. Информација во врска со упатените укажувања, спроведени постапки за порамнување и поведени прекршочни постапки кон радиодифузерите за време на Локалните избори во 2013 година.

4. Информација за потребата од имплементација на Законот за  безбедност и здравје при работа – Пречистен текст („Службен весник на Република Македонија„ бр.53/13).

5. Информација за службената посета на Комисијата од Советот за радиодифузија на ТРД ТОП ТВ ДООЕЛ од Берово.

6. Иницирање постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД ТОП ТВ ДООЕЛ од Берово.

7. Предлог – одлуки за доделување јавна набавка за потребите на Советот за радиодифузија на Република Македонија.

8. Извештаи за службени патувања во странство.

9. Предлог-Одлука за орочување на средствата на Советот за радиодифузија на Република Македонија.

10.Разно.



Accessibility

Accessibility