Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 34-та седница ја закажува за 16.09.2019 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 33-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.09.2019 година.
- Предлог-одлука за поништување на Одлуката Уп.1 бр.08-387 од 21.08.2019 година за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД телевизија ИРИС ДОО Штип.
- Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Вижн-БМ-ТВ Канал ВИЗИЈА ДОО Скопје.
- Информација во врска со Решението на Уставниот суд да не поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на „Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија“.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД ЕКСПРЕС-РАДИО од Струмица.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-стока: автомобилски гуми за потребите на Агенцијата.
- Разно.