Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 39-та седница ја закажува за 17.10.2019 година (четврток), со почеток во 15:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 38-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.10.2019 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ЗОНА М-1 Светлана ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.
- Предлог–одлука за набавка на стока (рекламен материјал за Деновите на медиумска писменост) со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Интернет конекција со хостирање на веб страниците.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Студија за утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работењето на традиционалните медиуми.
- Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи на електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
- Разно.