Седница бр.41– 01.11.2019 година
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 41-та седница ја закажува за 01.11.2019 година (петок), со почеток во 15:15 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 40-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 22.10.2019 година.
- Предлог-одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје.
- Предлог за поведување прекршочна постапка против операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ВИВА НЕТ од Берово.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ЕФ-ЕМ 90.3 – СПОРТСКО РАДИО ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАПИТОЛ ФМ ДООЕЛ Скопје, за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка – услуга: Печатарски услуги.
- Разно.