Седница бр.43 – 19.11.2019 година
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 43-та седница ја закажува за 19.11.2019 година (вторник), со почеток во 14:30 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 42-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.11.2019 година.
- Предлог-одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс на регионално ниво.
- Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2020 година.
- Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2020 година.
- Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година).
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД ТВ Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ за непочитување на член 64 став 1 ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД Јован Трпески ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид за непочитување на член 92 став 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија за непочитување на член 92 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД Радио Свети Николе.
- Предлог-одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019-та година.
- Предлог-oдлука за одобрување средства за пристап до Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на РСМ.
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка–стока: Набавка на ИКТ опрема.
- Разно.