Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 44-та седница ја закажува за 28.11.2019 година (четврток), со почеток во 15:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 43-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 19.11.2019 година.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД – оператор на кабелска мрежа СКРЕМБЛ ДООЕЛ Ново Село, заради прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛСАТ–М ДОО Скопје за непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 16 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД Телевизија КАНАЛ – 21 ДООЕЛ Велес за непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија за непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија за непочитување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за поведување прекршочна постапка за ТРД Телевизија КАНАЛ – 21 ДООЕЛ Велес за непочитување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за донесување Правилник за измена на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Разно