Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 45-та седница ја закажува за 06.12.2019 година (петок), со почеток во 13:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 44-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 28.11.2019 година.
- Предлог-одлука за доделување финансиска помош–донација за справување со последиците од земјотресот во Република Албанија и Предлог-договор за донација.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛСАТ – М ДОО Скопје, за непочитување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје, за непочитување на член 98 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, за непочитување на член 98 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, за непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, за непочитување на член 98 од ЗААВМУ и на член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, за непочитување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија, за непочитување на член 64 став 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија, за непочитување на член 92 став 3 од ЗААВМУ.
- Предлог-решение за ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип поради непочитување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.
- Предлог-одлука за објавување на јавен оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапката за вработување на десет извршители.
- Информација за започнување на примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (Сл.весник на РСМ бр.101/2019).
- Предлог-одлука за потреба од јавна набавка–услуга: Одржување на противпожарна спринклер инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и ПП апарати.
- Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства за прeтплата на “Службен весник на Република Северна Македонија“, за 2020 година, во печатена форма.
- Разно