Седница бр. 48 од 30.09.2013

Советот за радиодифузија  ја закажува 48-та седница за 30.09.2013 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот.

За седницата се предлага следниот:

Д н е в е н р е д

1. Усвојување на Записникот од 43-та седница на Советот, одржана на 06.09.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 44-та седница на Советот, одржана на 11.09.2013 година.

3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

4. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговскотото радиодифузно друштво АЛСАТ – М ДОО Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

5. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Радиодифузно трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ, Прилеп, реализиран на 1 септември 2013 година.

6. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Радиодифузното друштво НАША ТВ ДОО – Скопје, реализиран на 3 септември 2013 година.

7. Информација по претставка на група пратеници од Собранието на РМ.

8. Барање бр.11-391 од 20.09.2013 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр.49, на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за градовите Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип и Прилеп.

9. Барање бр.11-392 од 24.09.2013 година, за регистрација на дигитален пакет програмски сервиси бр.4, на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО.

10. Разно



Accessibility

Accessibility