Седница бр.5 – 19.02.2021 година

image_pdfimage_print

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 5-та седница ја закажа за 19.02.2021 година (петок), со почеток во 14:35 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.02.2021 година.
  2. Предлог-решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радиодифузно друштво БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола.
  3. Предлози за покренување на постапки за одземање на дозволата за телевизиско или радио емитување на радиодифузери.
  4. Предлог-одлука за одбивање на писмено барање од заинтересирана страна за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на територијата на градот Скопје.
  5. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка: Закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Систем за автоматско управување со документи.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.
  8. Информација во однос на преземените активности од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од аспект на имплементација на Законот за употреба на јазиците („Службен весник на РМ бр.07/19).
  9. Разно.


Accessibility

Accessibility