Хроника од првото продолжение на 41-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 05.11.2019г. – Советот на Агенцијата на вчерашното продолжение на 41-та седница донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје поради неисполнување на обврската од член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, со оглед на фактот дека радиодифузерот не ги исполнил минималните кадровски услови, односно затоа што по издавањето на дозволата настанале околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста.



Accessibility

Accessibility