Хроника од 10-та седница

Скопје, 25.02.2019г. – Советот на Агенцијата во врска со барањето поднесено од РДТ Телевизија Сонце ДООЕЛ Прилеп, донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, на македонски јазик, преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на државно ниво.

За вршење на стручен надзор над радиодифузерите, Советот на Агенцијата издаде 5 овластувања на лица вработени во стручната служба на Агенцијата.

Советот на Агенцијата донесе и Одлука со која се усвои годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Врз основа на констатации од надзор извршен врз РТД Телевизија Сонце ДООЕЛ Прилеп, Советот донесе Заклучок писмено да му се укаже на радиодифузерот за констатирано прекршување на член 61, став 1, алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во делот на начелото за заштита на достоинството на личноста.



Accessibility

Accessibility