Хроника од 10-та седницa

Скопје, 29.02.2016г. – Поради плаќање на годишниот надоместок за дозволата за радио и телевизиско емитување во целост, Советот на Агенцијата донесе 8 Заклучоци за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата на следните радиодифузери: ТВ СПЕКТРА, ТВ МОРИС, ТВ ЛАЖАНИ, РА Б-97, ТВ АРТ, ТВ КИСС, РА 5 ЧОКИ и ТРД РАДИО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ.

Советот на Агенцијата на 10-та седница, поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата во утврдениот рок, донесе 4 Одлуки за одземање на дозволи за РА и ТВ емитување и тоа: РА Мерлин ДООЕЛ Дебар, ТВ АМАЗОН ДООЕЛ Скопје, ТВ СКАЈ НЕТ Манчев ДОО Скопје и ТВ СУПЕР СКАЈ Муслим ДООЕЛ с.Мала Речица Тетово.

Воедно,  покрена постапка и за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ ХАНА, Мевљан ДООЕЛ Куманово, поради прекршување на член 80 став 5 од ЗААВМУ.

Советот даде одобрение за донесување на Одлука за набавка на внатрешно хортикултурно уредување за потребите на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility