Хроника од 12-та седница

Скопје, 28.03.2023 – На денешната 12та седница, Советот на Агенцијата го одобри Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.

Советот на Агенцијата во однос на резултатите од извршената ревизија за 2022 година од независен ревизор, го утврди ставот на АВМУ.

Врз основа на констатации од редовен програмски надзор Советот на Агенцијата донесе Решение со кое се поништува и огласува за ништовно во целост Решението за јавно опоменување и за исклучување на реемитување на програмски сервис на ОЈЕКМ ТРД Кабел-НЕТ од Струмица.

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на АВМУ, Советот на Агенцијата одобри директорот да донесе Одлука за спроведување на постапка за јавна набавка на стока – средства за хигиена.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно неплаќање на годишниот надоместок за дозвола за телевизиско емитување, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги започна постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на радиодифузерот ТРД Телевизија ПЛУС ДОО Куманово.



Accessibility

Accessibility