Хроника од 12-та седница

Скопје, 15.03.2016г. – Советот на Агенцијата на денешната седница го одобри Нацрт-годишниот Извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година.

Поради плаќање на годишниот надоместок за дозволата за радио и телевизиско емитување во целост, Советот на Агенцијата донесе Заклучок за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата на ТРД ТВ ХАНА Мевљан ДООЕЛ Куманово и одлука за поништување на Одлуката за одземање на дозвола за телевизиско емитување на ТРД ТВ АМАЗОН ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги усвои обрасците на извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско и радио емитување, согласно член 15 став 5 од Законот за медиуми.

Советот даде одобрение за уплата на средства заради овозможување пристап на Агенцијата до податоците на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на Република Македонија и за спроведување на постапка за јавна набавка-одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility