Хроника од 13-та седница

Скопје, 30.03.2015 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе став дека Агенцијата во целост се согласува со мислењата дадени во Конечниот Извештај од овластениот државен ревизор за извршена ревизија за успешност – „Ефикасност и ефективност на системот на финансиското управување и контрола и внатрешна ревизија во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Ревизорскиот извештај за ревизија на годишните извештаи за годишните сметки на Агенцијата за 2014 година.   

Советот на Агенцијата го одобри Годишниот извештај за работа на Агенцијата за 2014 година.

По поднесеното Барање за доделување дозвола без објавување конкурс, а согласно член 76 став 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитувањена програмски сервис со претежно забавен општ формат, на државно ниво, на правното лице „Company 21” ДОО, Република Косово, Приштина.

Советот на Агенцијата донесе заклучок да не се упати јавен повик до МРТ.

Во врска со Барањето на ТРД Канал 5 ДООЕЛ Скопје за повлекување на жалба против пресуда, Советот одлучи да не го прифати.    

Усвоен е Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата за спроведување на јавни набавки за средства за пијалаци и потреби за кујна, одржување на постојната веб страна на Агенцијата, ангажирање на фирма за селење и за измена на одлуката за потреба од јавна набавка – канцелариски мебел и опрема.   



Accessibility

Accessibility