Хроника од 15-та седница

Скопје, 28.03.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата го одобри Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година (со Извештај за реализација на Годишниот план за програмски надзор за 2016 година и Финансискиот извештај за реализација на Финасискиот план за 2016 година и годишна сметка со податоци за реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски за 2016 година групирани по структура и по организациона структура на Агенцијата).

Се утврди и Ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на резултатот од извршената ревизија од независен ревизор за 2016 година.

Воедно, се прифати и Информацијата во врска со извршените корекции во обрасците за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување, радио емитување и за непрофитна радиодифузна установа.

Советот донесе и Одлука за поништување на одлуката за одземање на дозвола за телевизиско емитување за ТРД „ТВ Скопје“, со оглед на фактот дека радиодифузерот во целост ја исполнил својата обврска за плаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапки за јавна набавка на дигитални сертификати за електронски потпис на токен и за одржување и сервис на фотокопир апарати, факс и принтери. 



Accessibility

Accessibility