Хроника од 16-та седница

Скопје, 13.04.2017г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01.01 до 31.03.2017 година.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапки за јавна набавка-услуги: миење на службени возила на Агенцијата, одржување на „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“ и одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата.

Втората и третата точка од Дневниот ред на 16та седница, односно Предлог-одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување една дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис, општ формат, со сите три медиумски функции, на државно ниво и Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување на програмски сервис, со претежно образовен општ формат, на државно ниво, ќе се разгледуваат на првото продолжение на 16та седница.



Accessibility

Accessibility