Хроника од 17-та седница

Скопје, 20.03.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата го одобри Нацрт-годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година.

Советот донесе Одлука за одбивање на Барање од заинтересирана страна за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радиo емитување на регионално ниво, затоа што согласно Планот за доделување и користење на радиофреквенции на Агенцијата за електорнски комуникации е утврдено дека нема слободна радиофреквенција.

Со оглед на тоа што е утврдено прекршување на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телеканал А1 ДООЕЛ Струмица.



Accessibility

Accessibility