Хроника од 2-та седница

Скопје, 24.01.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за зголемување на финансискиот план за 2018 година. Советот ја прифати Информацијата во врска со доставените барања за одложено плаќање на доставени фактури кои се однесуваат на годишен надоместок за дозволи за телевизиско емитување и донесе заклучок да не се прифатат барањата поради одредбите утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за процедури на финансиското и сметководствено работење на Агенцијата.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања директорот на агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки за: дигитален сертификат, авионски билети, ревизорски услуги и анти-вирусен софтвер.



Accessibility

Accessibility