Хроника од 20-та седница

СКОПЈЕ, 24.04.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница  ја усвои Анализата на епизодите од серијалот – „Тишина“, емитувани на ТВ Канал 5, во периодот од 8 до 14 април 2013, и заклучи да му укаже на ТВ Канал 5 и премиерните и репризните емитувања на епизодите од серијалот „Тишина“ да ги означува со сигнализацијата – 12+, за Трета категорија програма, а репризните изданија да не ги емитува пред 21 часот, кога е всушност законски одреден периодот соодветен за емитување програма со силен интензитет на сцени со насилство, кои можат да ја вознемират малолетната публика.

СРД ја разгледа Информацијата за постапувањето на ТВ КАНАЛ 5 и на ТВ СИТЕЛ во врска со мерките на Советот поврзани со заштитата на малолетната публика и заклучи на двата радиодифузери да им изрече писмена опомена со барање за објавување и тоа: на ТВ Канал 5 за прекршувањата направени при емитувањето на серијалот „Величествениот“, а на ТВ СИТЕЛ, за прекршувањата направени при емитувањето на серијата „Бурни времиња”.

Имајќи ги предвид добиените сознанија дека ТРД ТОП ТВ ДООЕЛ Берово не емитува програма, СРД заклучи да оствари службена посета кај ТОП ТВ со цел да се констатира фактичката состојба и во зависност од тоа да се утврдат понатамошните активности и да побара од Агенцијата за електронски комуникации да утврди дали фреквенцијата на која овој радиодиофузер емитувал програма се уште се користи.

СРД ја усвои Информацијата за неовластено реемитување на телевизиските програмски сервиси на CineStar, CineStar Action и CineStarThriller и заклучи на операторите на јавни комуникациски мрежи Кабел Риз ДООЕЛ Кочани, Филаделфија 2002 Кочани и Астра Плус ДООЕЛ Кочани, кои не поседуваат дозвола за реемитување, односно важечки договори и потврди за регистрација на програмски пакети, за програмските сервиси на: CineStar, CineStar Action и CineStarThrille, а истите ги реемитуваат неовластено, да им  упати налог за нивно исклучување и за истото да го  извести и Координативното тело за интелектуална сопственост при Владата на РМ.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на Друштво за комуникација, трговија и услуги КАМ НЕТ ДООЕЛ М. Каменица, Потврда бр.1 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси; МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Канал 5+,Сител, Сител 3, Телма, Алфа, 24 Вести, Наша ТВ, Svet Plus, Studio B, TV KCN Music, B92 Info и Kopernikus.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр.8 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси; ТВ Сонце, Телма, Da Vinci Media и Extreme sports.

– на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 41 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Minimax.

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Теленет Ком ДОО Тетово, Потврда бр.5 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси HBO и HBO Comedy.

-на ТРД Мултимедија Нетворк Л, ДООЕЛ Гостивар, Потврда бр. 15 со која  регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси HBO и  HBO Comedy.



Accessibility

Accessibility