Хроника од 20-та седница

Скопје, 03.05.2019г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Решение за одбивање на Барањето за одлагање на извршување на Одлуката на Советот на Агенцијата за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, говорно-музичко радио од специјализиран формат кај кое доминантниот вид на програма има забавна функција, на албански и на македонски јазик, на државно ниво.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата донесе 2 Решенија за изрекување мерка јавна опомена на следниве оператори на јавна електронска комуникациска мрежа: АЛТРА-САТ 2000 ДООЕЛ Охрид и  КАБЛЕКАЛЛ увоз-извоз ДООЕЛ Кичево поради реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени во потврдите за регистрација издадени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 141 од ЗААМУ).



Accessibility

Accessibility