Хроника од 20-та седница

Скопје, 31.05.2016г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата го усвои предложениот одговор до Собранието на Република Македонија, во врска со мислењето на Владата на Република Македонија за Годишниот извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година и Програмата за работа на Агенцијата за 2016 година. Воедно, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри предложениот ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година и даде две одобрувања на директорот, и тоа: за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година и за набавка од мала вредност (држачи за велосипеди).  



Accessibility

Accessibility