Хроника од 20-та седницa

СКОПЈЕ, 01.04.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ја разгледа Претставката – Приговор од овластен подносител на листа за кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, предложен од 38 пратеници (наш број 03-87/1 од 28.03.2014 година).

Текстот на одговорот на Агенцијата можете до преземете тука.

Агенцијата го усвои Предлог – Одговорот на Барањето на ТРД Ускана – Кичево, бр. 03-86 од 27.03.2014 година и одлучи да прати допис до операторите што не го реемитуват: МОБИ Сервис од Прилеп, Близу подружница Прилеп, Игмас-Нет од Битола, Микс Нет од Битола, Омега Нет од Демир Хисар, РОБИ подружница Моби од Битола, Глобал Нет од Крушево КТВ Шешна од Македонски Брод и Канал 16 од Ресен да почнат да го ремитуваат.



Accessibility

Accessibility