Хроника од 21-та седница

Скопје, 08.05.2019г. – Врз основа на констатации од извршен надзор над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната седница утврди две прекршување за кои ќе покрене прекршочни постапки пред надлежниот суд. Прекршувања се констатирани кај ТРД КОБРА ДОО Радовиш (член 76-б став 3) и ТРД ТВ М Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ (75-ѓ став 1 од Изборниот законик, а во врска со точка 4 од Упатството за начинот на спроведување на одредбите од Изборниот законик за време на кампањата за претседателските избори и изборите за градоначалници на Дебар, Ново Село и Охрид во 2019 година).

Советот на Агенцијата донесе 5 Решенија за изрекување мерка јавна опомена, и тоа: ТРД КЛАН Македонија ДООЕЛ експорт-импорт Тетово поради прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ, ТРД ТВ Шења ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ и член 14 од Законот за медиуми, ТРД 1ТВ ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми и на ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ поради неисполнување на обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми за објавување на податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година.



Accessibility

Accessibility