Хроника од 25-та седница

Скопје, 01.06.2018 –На денешната 25-та седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво на подрачјето на општина Струга. Радиото ќе се емитува преку радиофреквенцијата 102.2 MHz.

Воедно, Советот донесе и Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД АРТ ЧАННЕЛ ДОЕЛ експорт-импост Тетово. Со промените во сопственичката структура на овој радиодифузер не се создава недозволена медиумска концентрација во смисла на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Се усвои и Информацијата за Нацрт-ревизија на Националната програма за усвојување на европското законодавство НПАА 2019-2021, заедно со наративен дел, матрица на цели и активности, Анекс 2 – Институции и состојба на човечки ресурси и Анекс 3 – Буџетски средства 2018,2019-2021.



Accessibility

Accessibility