Хроника од 26-та седница

Скопје, 04.07.2019г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за поведување на постапка за утврдување на повреда на членот 34 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги , по службена должност, кај ТРД 1ТВ ДООЕЛ од Скопје.

Советот на Агенцијата донесе 2 Решенија за изрекување мерка јавна опомена: поради прекршување на член 15 став 5 од Законот за медиуми на РТД АРАЧИНА и поради прекршување на член 49 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на ТРД Телевизија КОЧАНИ-ЛД.

Воедно, Советот на Агенцијата ја разгледа Информацијата и заклучи да го информира МВР на РСМ – Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, дека постои сомневање за повреда на авторските права и сродните права од страна на ТРД Телевизија Кочани-ЛД Кочани.

 



Accessibility

Accessibility