Хроника од 26-та седница

Скопје, 13.09.2021 – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе одлука за зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-ва година, со која ќе се обезбедат финансиски средства за доделување финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болницата за Ковид пациенти во Тетово. Во таа насока Советот даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за доделување финансиска помош – донација во вкупен износ од 900.000,00 (деветстотини илјади) денари на семејствата на починатите лица во пожарот кој ја зафати модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово на ден 08.09.2021 година, кои ќе се спроведат преку Црвениот крст на Република Северна Македонија, посебен Фонд за солидарност. Донацијата ќе се расподели подеднакво како еднократна финансиска помош на секое од семејствата на 15 –те починати лица во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, во висина од по 60.000,00 (шеесет илјади) денари по семејство.

Советот на Агенцијата даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на постапка за јавна набавка-стока: Средства за заштита од пандемијата COVID-19.



Accessibility

Accessibility