Хроника од 27-та седница

СКОПЈЕ, 06.06.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на Трговското услужно и производно друштво Агим Исмаиловски и др.Профи Соунд увоз-извоз с.Лабуништа, Струга, Потврда бр. 2 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси: Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алсат М, Алфа ТВ, 24 Вести, Телма, Hayat Plus, Hayat Folk, DM SAT, AL Jazzera Balkans, HRT 1, HRT 2, BHT 1, SLO 1, SLO 2, SLO 3, RTS SAT, BNT 1, BNT World, TRT Turk, TW 1, RAI UNO, RAI DUE, RAI TRE, RAI NEWS, France 2, France 3, Arte, N24, Prosieben, SAT 1, Puls 4, RTL, Super RTL, N-TV, VOX и RTL 2.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр.44 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси: Balkanika, Fen TV, Bloomberg, FREE X TV, X Dream и French Lover.

СРД ја усвои Информацијата по претставка за пријавување на нерегистриран оператор на јавни комуникациски мрежи на подрачјето на Гостивар и заклучи да го извести Координативното тело за интелектуална сопственост при Владата на РМ, како и Агенцијата за електронски комуникации дека операторот на јавни комуникациски мрежи АС САТ- Гостивар врши пренос на програмски сервиси без потребната нотификација и без регистриран програмски пакет од страна на Советот.

Во врска со дилемите при реемитувањето на регионалните програмски сервиси кои се емитуваат преку дигитален терестријален предавател преку операторите на јавни комуникациски мрежи кои вршат пренос на програмски сервиси преку кабел, Советот заклучи до сите оператори на јавна комуникациска мрежа кои вршат реемитување преку кабел, да упати известување во кое ќе им се даде појаснување во врска со можноста за реемитувањето на регионалните програмски сервиси кои се емитуваат преку дигитален терестријален предавател, со напомена дека за секој конкретен случај, каде има дилеми по ова прашање, секој оператор треба да побара и добие појаснување од Советот за радиодифузија.



Accessibility

Accessibility