Хроника од 29-та седница

СКОПЈЕ, 09.05.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Извештајот од извршениот административен надзор на исполнување на обврската од чл.13 став 3 од Законот за медиуми за објава на податоци и заклучи да издаде 3 писмени опомени поради непочитување на обврската за објава на податоци на следниве радиодифузери: Друштво за радиодифузија ДИ-ЏЕЈ Славе ДООЕЛ Струга, Трговско радиодифузно друштво ЕНЕРГУ РАДИО ДООЕЛ увоз-извоз Струга и Трговско радиодифузно друштво РАДИО БЕСА ДООЕЛ с.Црнилиште, Долнени. Агенцијата го разгледа извештајот од мониторингот на медиумското покривање на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014 за радиодифузерите на државно ниво и одлучи да постапи на следниов начин:

– за прекршување на член 75 став 1 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТРД ТВ АЛФА.

– за прекршување на член 75 став 1 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТРД ТВ АЛСАТ-М.

– за прекршување на член 75 став 1 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТРД ТВ КАНАЛ 5.

– за прекршување на член 75 став 1 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТРД ТВ СИТЕЛ.

– за прекршување на член 75 став 1 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТРД ТВ МАКПЕТРОЛ.

Извештајот од мониторингот на медиумското покривање на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014 за радиодифузерите на државно ниво може да го преземете тука.

Агенцијата ја усвои информацијата во врска Нацрт – Преддоговорот за емитување/пренесување на ТВ/РА програмски сервиси преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа и заклучи Нацрт – Преддоговорот да го објави на својата веб страница и да ги повика сите заинтересирани страни во рок од 7 (седум) дена од објавувањето да достават забелешки. Преддоговорот за емитување/пренесување на ТВ/РА програмски сервиси може да го преземете тука.

Во врска со дописот од ТРД ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје за сторен прекршок по член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, Агенцијата го усвои Одговорот и констатираше дека не постои разлика во минути, меѓу она што е регистрирано со мониторингот и времето на емитување на програмските содржини на радиодифузерот. Одговорот може да го преземете тука.

Агенцијата ја усвои Информацијата по повод барањето на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје за затемнување на реемитувањето на странскиот телевизиски програмски сервис ТВ ОБН за време на емитување на ТВ серијата „Девојката по име Фериха“ на ТРД АЛФА Скопје.



Accessibility

Accessibility