Хроника од 31-та седница

Скопје, 20.07.2018 – Советот на Агенцијата на денешната седница донесе Одлука со која се забранува промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО СВЕТИ НИКOЛЕ ДОО Свети Николе, бидејќи со предложената промена е утврдено дека би се создалa недозволена медиумска концентрација и Одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службен должност, кај ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Прилеп.

Поради исполнување на минималните кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот донесе Решение со кое се запре покрената постапка на ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ.

Со цел да се започне постапка за јавна набавка, Советот даде одобрување за спроведување на јавна набавка на услуга – Сертификација за ИСО (ISO) – (9001:2015).



Accessibility

Accessibility