Хроника од 32-та седница

Скопје, 10.09.2020 год. – Советот на Агенцијата во однос на Информацијата во врска со претходно прекината постапка по доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс донесе заклучок да се побара од ТВ 24 Вести ДОО Штип да ја извести Агенцијата дали сé уште постои интерес од нивна страна за доделување на дозвола за телевизиско емитирање на програмски сервис на терестријална телевизија.

Заради прекршување на одредбите од ЗААВМУ Советот на Агенцијата изрече 11 мерки за јавна опомена и тоа: поради непочитување на член 64 став 1 од ЗААВМУ им изрече мерка на МРТ2, ТВ Шутел, ТВ Сонце, ТВ Полог и на ТВ К&М, заради непочитување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ на КОМПАНИ 21-М и ТВ-КАНАЛ ВИС, заради непочитување на член 92 став 3 од ЗААВМУ и изрече мерка на ТВ Шутел, заради непочитување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на Правилникот за заштита на малолетни лица им изрече мерки на КОМПАНИ 21-М и КЛАН МАЦЕДОНИА и заради прекршување на член 55 став 7 од ЗААВМУ изрече една мерка на ТВ ШЕЊА.

Во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да спроведе две постапки за јавна набавка-услуга: Водоинсталатерски и електричарски услуги и Адаптивно и превентивно одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и ТВ програми – НАВС.



Accessibility

Accessibility